Во Охрид од вчера, видливо е бришењето на пораките на политичките партии, испишани , пред се, во центарот на градот. OhridNews, ден пред тоа објави прилог за лошата слика што ја создаваа ваквите, воглавно, невкусни политички содржини. Дали нашиот прилог имаше ефект, сакаме во тоа да веруваме.
Вчера затекнавме работници, кои со бела боја ја премачкуваа испишанита парола на ѕидот на Националната установа „Григор Прличев.
Избришани беа и пораките на оградата кај хотелот Палас, но веднаш до нив беа напишани некои други.
Очигледна состојбата е „бриши-пиши“. Општиот апел на граѓаните е политичките партии да престанат со натамошното нагрдување на градот. Постои ред и закон, каде смеат да се најдат таквите пораки на партиите, но по се изгледа дека има потреба од поголемо вклучување на надлежните инспекциски служби. Целта е да се спречи натамошнотот дивеење, најповеќе на објектите и просторите во централното градско подрачје.