Православните христијани го празнуваат празникот посветен на Преп. маченичка Параскева Римјанка, во народот позната како Св.Петка, на 8-ми август.

Секоја година во пресрет на празникот, манастирскиот комплекс посветен на оваа светица во Велгошти, охридско, е најпосетуван. Мирот и спокојството кој го нуди манастирскиот комплекс, го прави уникатен и еден од најубавите во регионот и во земјата воопшто. Манастирот св.Петка во Велгошти после манастирот Св.Наум и Плаошник е најголема светиња во охридскиот крај.

Во пресрет на празникот посветен на светителката ве водиме на прошетка на источната страна од Велгошти, под висините на Петринска планина, на една голема карпа во манастирот св.Петка.

Дел од Рајот поставен на Земјата – Манастирот Св.Петка

Кристина Алексиеска
Крсте Симиџиоски
Анамарија Момироска