Поради изведување градежни зафати на стариот пат Подмолје-Струга, денес, до 16 часот ќе биде затворен за сообраќај.
– Градежните зафати ќе се изведуваат на потегот од Подмољје до Евро хотел поради што сообраќајот ќе биде пренасочен кон магистралниот пат Подмолје-Ќафасан, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Од СВР до возачите на патнички и други моторни возила упатуваат апел за почитување на поставената светлосна сигнализација се со цел безбедно одвивање на сообраќајот на овој патен правец.
OhridNews