Поради лошите временски услови и врнежи од снег, во општина Струга и денес наставата не се одвива редовно.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, денес настава не се одржува во  основните училишта во струшките села: Јабланица, Ликово, Нерези и Пискупштина.

Во сите останати училишта во општината наставата се одвива со скратени часови.

OhridNews