Вo недела ќе бидат затворени за сообраќај дел од улиците „15 Корпус“, „Партизанска“, „Маркс Енгелс“ и „ЈНА“ во Струга, а за сите посетители во градот паркингот ќе биде бесплатен поради одржување на манифестацијата „Трка на поезијата“.

Во периодот од 8 часот и 30 минути до 11 часот и 30 минути за сообраќај ќе бидат затворени потегот од кружниот тек на улицата „15 Корпус“, односно кај Пливалиште, улицата „Партизанска“ до Еуро хотел, од кружниот тек на улиците „Маркс Енгелс“ со „Партизанска“ до кружниот тек кај полицијската станица и кон Чаршискиот мост, информира организаторот на трката, здружението „Спортски мостови“.

Од јавното претпријатие „Еко Струга“, пак, информираат дека на денот на одржување на „Трка на поезијата“ нема да наплаќа паркинг.

Инаку, второто издание на атлетската манифестација „Трка на поезијата“ ќе се одржи в онедела на 22 мај во организација на здружението „Спортски мостови Струга“, под слоганот „Трчаме рецитираме“. На годинашната трка пријавени се околу 1.000 натпреварувачи, атлетичари и рекреативци од земјава и соседството.

OhridNews