Делови од најпрометната градска сообраќајница, булеварот „Туристичка“, од пресекот со улицата „Абас Емин“ па се до раскрсницата кај населбата Лескајца, се речиси во целосен мрак. Повеќето светилки не работат, што го отежнува движењето на пешаците, а им создава многу проблеми и на возачите. Во овој дел од градот има хотели и голем број приватни сместувачки капацитети, до кои туристите навечер мора да доаѓаат во темница.


Дел од „Туристичка“ во мрак

OhridNews