Ученици од шесто, седмо и осмо одделение во основното училиште „ Братство и единство“  и по изминати дваесеттина дена од почетокот на новата учебна година не следат настава по германски јазик . Како што се наведува во реакцијата на родителите, причина е што во училиштето нема соодветен кадар, односно професор кој ќе го предава овој странски јазик.  

Реагиравме и до директорот на училиштето кој ни вети дека проблемот наскоро ќе биде решен. Што ќе биде со пропуштените  часови, односно како и кога ќе се надокнадуваат, прашуваат родителите.

Директорот на ОУ „ Братство и единство“, Муамер Доко информира дека од локалната самоуправа му било кажано дека проблемот со недостиг на кадар по германски јазик ќе биде решен до почетокот на идната недела.

Добивме ветување дека во текот на идната седмица ќе биде ангажиран професор по германски јазик во нашето училиште и учениците ќе почнат да следат настава од 1 октомври, изјави Доко.

Пропуштените часови ќе се надоместат во текот на наредните седмици.

Т.К.