Голем број охриѓани утрово со организиран превоз, но и приватни возила тргнаа кон Скопје за да учествуваат на протестниот собир под мотото „Граѓаните за Македонија, доаѓаме“, поддржан од граѓански здруженија, невладини организации, студентскиот пленум и политички парти.

Караван од 11 автобуси, 7 комбиња и осумдесетина автомобили организираше охридскиот огранок на СДСМ, а многу граѓани отпатуваа со сопствени возила, информираат од најголемата опозциска партија. Додаваат дека по пат за Скопје немале никакви проблеми. 

Според најавите дел од учесниците од Охрид ќе останат во Скопје и ќе го продолжат протестот заедно со граѓаните од другите населени места. Предвидено е тие да кампуваат пред владата.

OhridNews