Поради изведување на градежни работи за санација на дефект на канализационата мрежа, од денес, 7 јули, до понеделник, 13 јули, ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Свети Климентов Универзитет“ во стариот дел на градот, информираат од Општина Охрид.

Воедно, апелираат до жителите и туристите да го почитуваат привремениот сообраќаен режим и поставената сообраќајна сигнализација, како и да користат алтернативни сообраќајни приоди.

OhridNews