Продолжуваат активностите во рамки на првата фаза од програмата за асфалтирање на градските улици.

Денес се вршат подготвителни активности за асфалтирање на дел од улицата „Јане Сандански“, од пресекот со булевар „Туристичка“до пресекот со улицата „Партизанска“, поради што сообраќајот се одвива во една насока.

До крајот на оваа седмица се очекува да се изврши најавеното асфалтирање и на улиците  “Петрино“, “Богомилска“, “Крум Точков“ и крак од “Васил Стефоски“. Градежните активности за асфалтирање на „Радојца Новичиќ“ се завршени.

OhridNews