На легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро мечот со Аталанта на домашен терен му беше последен во Серија А. Популарниот “пинторучио“ со писмо, му се заблогадари и ги поздрави навивачите на “бјанконерите“.


Во писмото стои:
“Драги мои, ништо не е подобро од“:
– од осум “скудета“
– од враќањето од Серија Б
– од Купот на Италија (се надевам два пати)
– од четири Суперкупа
– од Лигата на Шампиони
– од Европскиот Суперкуп
– од Интерконтинеталниот Куп
– од голот со Фиорентина
– од голот во стил “ала Дел Пиеро“
– од погодок во Токио
– од моите солзи
– од голот во Бари
– од голот со петта во дербито
– од погодок во чест на Ањели
– од пуштањето на јазикот после голот на Интер
– од асистенцијата до Трезеге
– од голот на СП против Германија
– од Берлин
– од голот против Фросиноне
– од титулата најдобар стрелц во Серија Б
– од титулата најдобар стрелец во Серија А
– од овациите на Сантијаго Бернабе
– од 704 натпревари во “црно белиот“ дрес
– од 289 голови
– од слободните удари кои значеа “скудето“
– од погодок против Аталанта
– од било кој рекорд
– од десетката на дресот од Јувентус, на кој пишува Дел Пиеро
– од капитенската лента
– од се’ што ми дадовте во овие 19 години
– Благадорам.

Мх.П.