Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, се прости од својот досегашен тим, австралискиот Сиднеј. Поранешниот капитен на Јувентус, по заминувањето од Торино, две сезони мина во Сиднеј.
„Австралија засекогаш ќе ми остане во срцето, многу научив за оваа прекрасна земја, тука се чувствував како дома. Најголема сатисфакција ми е тоа што придонесов за популаризацијата на фудбалот во оваа земја“, рекол Дел Пјеро.
Сиднеј сезоната во Австралија ја заврши на шестото место со 39 бодови, 13 помалку од шампионот Бризбејн.
„Сега ќе треба да размислам што понатаму, но во овој момент ми е најважно на вистински начин да се простам од Австралија и да им се заблагодарам на сите во Сиднеј за прекрасните две години кои ги минав тука“, дополнил Дел Пјеро.
Поранешниот италијански репрезентативец на почетокот од кариерата две сезони мина во Падова, а потоа девет години го носеше дресот на Јувентус. За италијанската репрезентација, со која во 2006 година стана светски првак, одиграл 91 натпревар и постигнал 27 голови.
„Макфакс“