Делегација од градот Далиан, Народна Република Кина, предводена од заменик претседателот на Конгресот на општината, Лиу Вајму, оствари средба со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска.

На средбата беше потенцирана добрата меѓусебна соработка што двете општини, Далиан и Охрид, ја негуваат. Посебен акцент беше ставен за можната соработка во зачувувањето и реставрацијата на старите објекти во Охрид, како и заштитата на животната средина.

OhridNews