
На средбата се разговарало за соработка во културата, при што бил договорен настап на кубанскиот ансамбл „ECOS“ во Охрид од 18ти до 25ти август на повеќе локации. .
Ансамблот „ECOS“ е основан во 1999 година, од страна на искусни музичари и танчари во Хавана. Ансамблот ги изведува традиционалните кубански ритми, како румба, сон, гуајира, болеро, блуес и фламенко. Тие имаат настапувано на повеќе меѓународни настани во Абу Даби, Кувајт, Турција и други.











