Делегација на Стопанската комора на Македонија предводена од претседателот Бранко Азески оствари посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Од страна на директорот Сашо Недески им беа претставени работните простории на училишниот центар, сервисниот центар, кабинетите за реализација на учењето преку работа и воспоставување дуален систем на образование.
На средбата беше презентирана динамиката на реализација на грантот од Фондот за предизвици, обезбеден во 2021 година во партнерство со компаниите „Костал“, „ЛТХ Леарница“, „ОДВ Електрик“ и Комората. Целосната реализација на овој проект се очекува на почетокот на 2027 година, со што училишната работилница ќе добие нова опрема за машинската струка и мехатрониката, со цел осовременување на наставниот процес, информираат од училиштето.
Пред претставниците на Комората, посочуваат, дека биле претставени и целосно опремените кабинети за пневматика и хидраулика, енергетика, електроника, како и автомеханичарската работилница.


OhridNews












