Градоначалникот Кирил Пецаков денеска прими висока делегација од Узбекистан предводена од градоначалникот на општина Џизах, Азимов Зафар Абдумаидовиќ.
На работната средба на којашто присуствуваа и претставници од тамошните Министерставата за економија и финансии се разгледуваа можностите за збратимување меѓу двата града Охрид и Џизах како најголеми туристички центри во двете држави. Тоа би значело воспоставување цврста туристичката соработка и бројна посетеност на охридската ревиера од гости од Узбекистан. Соработка би се воспоставила и во делот на образование, култура и економијa преку развојните технолошко – индустриски зони со кои располагаат двата града. Гостите беа информирани и за субвенциите кои на локално и државно ниво им следат на гостите и туроператорите доколку би се воспоставила соработката, информираат од Општина Охрид.
На средбата, посочуваат, стана збор и за меѓународниот туристички форум којшто секоја година се одржува во Узбекистан и придобивките од него.

OhridNews













