Делегација на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, предводена од Претседателот Лазар Еленовски ќе учествува на 57-то Генерално Собрание на Светската Атлантска Асоцијација (АТА) што ќе се одржи во Тирана, Албанија од 14-16 ноември 2011 година.
Генералното Собрание на АТА е еден од најголемите безбедносни форуми во Атлантскиот свет со учество на глобални лидери, политички и воени експерти и цивилното општество.
На Генералното собрание на АТА ќе се дебатира за Авганистан и иднината на меѓународната коалиција, за стратешкиот дијалог на НАТО и ЕУ за сајбер заканите во модерните општества и на други актуелни теми.
Претседателот на ЕАСМ Лазар Еленовски ќе има свое излагање на темата „Стратешкиот дијалог на НАТО и ЕУ“.
На тридневната конференција на која ќе се дискутираат прашања од трансатлантската безбедност ќе присуствуваат делегати на Светската Атлантска Асоцијација и Младината на АТА од 40 земји од Северна Америка до Централна Азија.












