Делегација на  Општина Охрид  и  ОУ „ Братство- Единство“ деновиве го посетија приватното  ОУ ,,Билкент“ во  Анкара,  Република Турција.

Седумнаесете ученици од ОУ „ Братство- Единство”  учествуваа во прославата на  големиот празник 19- ти мај, денот на младоста и спортот. Тие го претставија градот Охрид и училиштето  и на одбележувањето на  големиот празник на Кемал Ататурк. Учениците ги придружуваа директорот на училиштето  Муамер Доко  и наставниците Атиџе Малик, Мебахат Чоќу, Џемал Мехмед , Семра Аџи , како и Илкер Мустафа  од  секторот за туризам и локален економски развој  при Општина Охрид.

Пред  домаќините бил презентиран  проектот  “ Градот, јазикот и културата“  во кој охридските ученици, преку поставена веб- страна,  го промовирале градот Охрид неговите културни и природни убавини  и  историското богатство.

За охридската делегација била организирана посета на неколку музеи, споменикот на  Ататурк и калето, а се реализирале и средби со генералниот секретар на  Собранието на Република  Турција и македонскиот амбасадор во Анкара. 

OhridNews