Делегација на општина Охрид  предводена од заменик-градоначалникот Ангел Јанев и советниците Илјат Ибраим и Верица Хајба, беа во посета на Велико Трново – Бугарија, по повод  22-ри март,  денот на овој бугарски  град.

Охридските гости беа дел од чествувањата кои се организираа по повод празникот,  а во име на градоначалникот Никола Бакрачески и општина Охрид, на  свечената седница на градскиот Совет се обрати  заменик-градоначалникот Јанев .

Охрид и Велико Трново се  градови со огромна историја зад себе,  длабока култура и големи  туристички и културни потенцијали кои пак  представуваат можност за уште поголема меѓусебна  соработка на сите полиња.“ – истакна Јанев. 

Во работниот дел, делегацијата на Охрид  оствари работни и протоколарни  средби со градоначалникот на Велико Трново, Даниел Панов, заменик-претседателот  на Р. Бугарија Маргарита Попова и голем број на културни, туристички, спортски и образовни  дејци.

На сите овие средби, било констатирано дека голем број на туристи од Бугарија  го посетуваат градот Охрид и Македонија, како и дека двете земји   треба да ја зајакнат соработката во поглед на заедничките проекти во делот на културата кои ќе се финансираат со пари од Европската Унија.

OhridNews