По повод „Проектот Фестивал на езерата“ од Италија и Европа,на покана од градот Исео, делегација на општина Охрид составена од претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска и Антонио Балески од Секторот за туризам и локален економски развој, престојуваа во работна посета на Италија.

При посетата остварена е средба со градоначалникот на општина Исео, како и со претставници на останатите гости на фестивалот од Англија и Ирска.

На средбата, делегацијата од Италија изразиле задоволството од присуството на Охрид во Италија, и можноста за соработка во рамките на овој проект, како и проширување на идните релации и во другите области, со посебен акцент на туризмот и размената на искуства во проширувањето на туристичките понуди.

Домаќините ја истакнале својата поддршка за натамошно присуство на Охрид на вакви и слични собири во Италија и други места во Европа, потенцирајќи го значењето на Охридското езеро како природна реткост под заштита на УНЕСКО.

На овој настан, покрај делегации од 30 езера во Италија, учествуваат и 5 други езерски партнери и тоа покрај Охрид и: Блед-Словенија, Цонисон-Англија, Друмхарлоњ-Ирска и Пеберсее- Австрија

OhridNews