Делегација на кинескиот град Шангај, предводена од Ванг Хиао Шу, извршен потпретседател на Шангајската национална асоцијација за пријателство со други земји, престојува во посета на Охрид.


Тие остварија средба со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, на која заеднички било оценето дека оваа посета е почеток на идна соработка не само на културен, туку и на стопански план со привлекување на кинески инвеститори, особено во сферата на туризмот и лесната индустрија.


Во чест на гостите од далечниот исток, денеска, во гимназијата „Св. Климент Охридски“ свечено ќе биде отворена изложба на фотографии „Прозорецот на Шангај“, при што кинеската делегација на гимназиската библиотека ќе и подари 500 книги. 

OhridNews