Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, денеска во х. “Метропол“ во Охрид ќе ја одржи четиринаесеттата седница.
Претходно раководството на Стопанската комора на Македонија ќе ги посети охридските фирми „Жито леб“ и „ЛТХ – Леарница“.
Во Охрид денеска седница ќе одржи и Здружението на угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија.