Австралиска делегација предводена од Степхен Јонес, член на федералниот парламент и Љупчо Стефановски, претседател на црковниот одбор на црквата „Св. Димитрија Солунски“ во Австралија,остварија посета на Општина Охрид каде што ги прими претседателот на Советот Душко Јаковчески.

На средбата заеднички беше заклучено дека треба да се продлабочи соработката меѓу матичната држава на македонците и државата каде што живеат.

Делегацијата од Австралија имаше можност да ги види и природните убавини и да се запознае со историјата на Охрид.

OhridNews