Делегација од збратимениот град Јалова, Турција,ја посети Општина Охрид.

Делегацијата, предводена од сопругата на градоначалникот, Суна Кочал, уметничката Вилдан Пирим, Ипек Ертурк од Секторот за надворешни работи на Јелова и Љутв и Ечгур, претставник за земијите од Балканот во Јелова, беа пречекани од претседателот на советот на Општина Охрид, Душко Јаковчески и советникот Кујтим Усејни.

На средбата беше разговарано околу продлабочувањето на соработката меѓу овие два града, како и за претстојната изложба на турските уметници која на 12-ти јуни ќе се одржи во Охрид во Спомен куќата на Григор Прличев.

OhridNews