Делегација на Општина Охрид предводена од раководителот на Секторот за поддршка на градоначалникот, Зоран Рафтоски учествуваше  на “Јадранскиот саем за туризам и исхрана“ што се одржа во Будва –  Црна Гора.

Во рамки на посетата, раководителот Рафтоски оствари работна средба со  заменик- градоначалникот на Будва и со амбасадорот на Унгарија во Црна Гора, кои беа информирани за започнатите и  идни проекти на Општина Охрид, кои се однесуваат  на економското и туристичко заживување на градот.

На средбата се разговараше и околу започнатиот процес за збратимување на Охрид со  унгарскиот град Веспрем, а се разгледа и можноста за збратимување на Охрид со езерскиот град  Шиофок,кај познатото унгарско  езеро Балатон. Како што беше потенцирано од присутните, идната соработка меѓу Охрид и унгарските градови би значело заедничко аплицирање со проекти пред европските фондови што е од особено значење за економски развој на двете земји.

При престојот во Будва, охридската делегација  оствари  средби со јавни личности од економскиот и културниот живот во Црна Гора, како и со   претставници од црногорските  туристички агенции и познати тур – оператори  при што беа разменети искуства  за унапредување  на туристички развој на Македонија и Црна Гора.

Претставници од општина Охрид редовно учествуваат на Јадранскиот  саем кој се одржува во Будва,градот со кој   Охрид е збратимен во  далечната 1984 година.

OhridNews