Делегација на општина Охрид предводена од претседателот на Советот, Душко Јаковчески, учествуваше на конференцијата “Заштита на европското културно наследство“ која се одржа од 3-ти до 5-ти јуни во Будимпешта.

На конференцијата, учествуваа и делегации од општините Ујбуда од Унгарија како домаќини на конференцијата, од Прага од Чешка, Трогир од Хрватска, Харкани од Унгарија и Русе од Бугарија.

Јаковчески на конференцијата го презентираше културното и природното наследство на Охрид, што наишло на голем интерес кај учесниците, при што од страна на модераторот на конференцијата бил даден коментар дека не постои човек кој не сака веднаш да замине за Охрид.

На маргините на конференцијата, делегацијата од Охрид остварила и средби со градоначалникот на Ујбуда, Др. Хофман Тамас и градоначалникот на Русе, Пламен Стоилов.

OhridNews