Претставник од општина Охрид и тројца средношколци од ОСУ „ Св. Климент Охридски“,деновиве, учествуваат на Конференција во Исео Италија, во рамки на одбележувањето на Денот на Европа.

Во рамки на активностите за одбележување на Денот на Европа во Исео, на конференцијата  чија цел е креирање на европска мрежа на гардови со езера, ќе се обрати и градоначалникот Никола Бакрачески, кој во Италија го придружуваат претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска и Антонио Балески од Секторот за туризам и локален економски развој.

После формирањето на европската мрежа на градови со езера, следува свечено отворање на 5-тото издание на Фестивалот на езерата од Италија и Европа во центарот на Исео. Секторот за туризам и локален економски развој е организатор на активностите за унапредување на соработката со Италија и креирање на европската мрежа на градови со езера, заедно со останатите европски партнери.

OhridNews