Во рамки на посетата претставниците на Општина Охрид го посетија приватното основно училиште “ Билкент“ . При тоа било договорено збратимување помеѓу ОУ “Билкент” и охридското основно училиште “ Братство и единство”. ПотпиШан е и договор за реализација на заеднички проект.
Проектот ќе биде реализиран со група од 15 ученици и 2 наставници од двете училишта. Првично децата ќе комуницираат преку заедничка поставена веб- страна и ќе се запознаваат со градовите, културите, храната и обичаите. Потоа ќе следат меѓусебни посети на двете училишта. Посетата на нашите ученици на Анкара е договорена за 19 мај годинава.
Во рамки на посетата, станало збор и за добивање на соодветна поддршка за реновирање на зградата на гимназијата “Св. Климент Охридски“ .