Делегација на Општина Осечина- Србија, предводена од Милан Симиќ, заменик – претседател на Општина Осечина и Жељко Алексиќ советник за земјоделство  беа во посета на Општина Охрид каде остварија средба со претседателот на Советот  , Душко Јаковчески.

Делегацијата упати покана до општина Охрид да учествува на седмиот по ред „Саем на сливата“, со цел да се збогати меѓусебната  соработка во повеќе области.

На саемот е предвидено да учествуваат претставници од Србија, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

OhridNews