Делегација на ОУ „ Христо Узунов“  беше во работна посета на збратименото училиште Друга основна школа во Будва.

Во рамки на посетата се изврши презентација на двете училишта и се одржа предавање на тема „ Образовниот систем за основно образование на Македонија и реформите“.

Беа разменети многу мислења за заедничка соработка за апликација на проекти  во фондовите на ЕУ и други фондови. Делегацијата се запозна со кабинетската настава и работата на педагошко/психолошката служба на училиштето, како и програмата за работа, процесот на самоевалуација и начинот на водење на Е- Дневникот, информираат од ОУ „Христо Узунов“.

Делегацијата на ОУ „Христо Узунов“ на своите домаќини  им подари златна маска во знак на пријателство.

OhridNews