Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески деновиве е домаќин на гости од Сенегал кои престојуваат во Охрид на негова покана. Делегацијата од градот Чезз ја предводи градоначалникот Идриса Шек – со кого Бакрачески стапил во контакт при престојот во Каен на одбележувањето на 70 години од Денот Д.
Гостите од Сенегал имаа можност да го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, а остварија и работна вечера со градоначалникот Бакрачески и со претседателката на Советот на Општина Охрид Гордана Коњаноска. На вечерата беа присутни и помошник градоначалникот на Суботица и советникот за мали бизниси Љубен Христов и проект менаџерот во локалниот економски Совет на Суботица – Мелинда Наџ.
Бакрачески на гостите од Сенегал и Србија им подари пригодни подароци за спомен од нивниот престој во Охрид.
OhridNews