Вечерва на скопскиот аеродром Александар Велики ќе пристигне турска делегација предводена од претеникот од Истанбул и претседател на Турската група на Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка (ПСЦЕС) Исмаил Сафи, која во Македонија ќе престојува неколку дена, по повод 100-годишнината од Балканските војни.
Турската делегација во земјава ќе престојува до 9 септември, при што ќе бидат реализирани посети на неколку градови, меѓу кои и Охрид, каде ќе биде остварена средба со почесниот конзул на Република Турција во Охрид Абдурахман Бајрактар.
Делегацијата од Турција за време на престојот во Македонија ќе биде дел и од кампањата на ЧАЈКУР за промовирање турски чај во Охрид, Скопје, Гостивар и Центар Жупа.
Гостите од Турција ќе учествуваат и на прославата по повод Денот на независноста на Македонија, во сабота, на 8 септември. Ќе остварат посета на „Халк Банк“ во Скопје и турскиот културен центар Јунус Емре, општината Центар Жупа.
Во Стопанската Комора на Македонија ќе се одржи информативен состанок на кој ќе бидат презентирани можностите за развивање трговија и инвестирање во земјава. На состанокот ќе присуствуваат претствници од Трговската берза на областа Ризе и од фирмата ЧАЈКУР Ризе, како и повеќе бизнисмени.












