Делио Роси не е повеќе тренер на Фиорентина. Роси синоќа се најде во центарот на светската јавност, поради нападот над српскиот интернационалец Адем Љајиќ.

Претседателот на Фиорентина , Андреа Деле Вале не можеше да премине преку инциденот и му врачи отказ на тренерот на екипата Делио Роси.

„Одлуката е тешка, но беше неопходна. Жал ми е бидејќи Роси е добра личност, но тој не ги почитуваше вредностите на нашиот клуб, направи гест кој не се простува и прекина еден проект кој требаше да се роди следната година. Понуди извинување, но ова беше неизбежно. Љајиќ ќе биде казнет поради својот гест“, изјави претседателот на Фиорентина, Андреа Деле Вале.

Името на новиот тренер на “виолетовите“ ќе биде соопштен денес.

Делио Роси го натепа Љајиќ (видео)

Ohridnews