21 годишниот Јован Делов за прв пат го фати светиот крст кој во осветените води на Охридското Езеро го фрли владиката дебарско – кичевски Тимотеј. Делов посакува годината која следува да биде среќна за него и неговата фамилија.


– Чувството е неописливо, седма година по ред скокам по светиот крст и еве токму годинава бев најсреќен меѓу еднаквите. Желба е на секој капач да го фати крстот, а јас годинава имав најмногу среќа – рече возбудениот Делов.

Според традицијата Делов и неговата тајфа ќе поминат низ улиците на градот, а охриѓани ќе го даруваат најсреќниот охриѓанец.

Ohridnews