Проблеми во снабдувањето со електрична енергија граѓаните на Охрид имаа и соноќа. Делови од центарот речиси 2 часа беа без струја, а кратки прекини во напојувањето имаше и во населбите Кошишта, Лескајца, Воска и Далјан. Снабдувањето со електрична енергија во домаќинствата се стабилизира околу 21 часот, додека дел од улиците и булеварот „Туристичка“ во мрак беа подолго време.


Делови од Охрид одново во мрак

Проблемот како што дознаваме одново бил во трафостаницата во Лескајца. Испадите во оваа трафостаница, од која со електрична енергија се снабдува речиси половина град, зачестија од нова година наваму. Истите се должат на преоптовареност на трафостаницата која е стара половина век и според стручњаците треба најитно да се модернизира и надгради.

Ohridnews