Хибридно затемнување на Сонцето ќе биде видливо денеска од Карибите до источниот брег на САД, преку југот на Европа, до Блискиот исток и Африка, јавува „Макфакс“.

Станува збор за феномен што настанува кога Месечината на одредено растојание се поклопува со Сонцето, но не го прекрива целосно, туку се гледа „пламениот прстен“ на Сонцето околу Месечината. Потоа доаѓа до целосно помрачување заради закривеноста на Земјата, а потоа повторно до хибридно затемнување пред самиот крај на поклопувањето на патеката на Месечината и Земјата наспрема Сонцето.

Затемнувањето што ќе се случи денеска последен пат е забележано на 20 ноември 1854 година, а предвидено е да не се повтори до 17 октомври 2172 година.

Помрачувањето ќе започне околу 12:40 часот.

OhridNews
извор:„Макфакс“