Делумно затворање на кварт во Вухан поради Ковид-19
27.07.22 15:39
Во квартот Џиангсја во кинескиот град Вухан, во кој живеат околу еден милион луѓе привремено се затвораат дел од компаниите и јавниот транспорт откако синоќа беа регистрирани два нови случаи на Ковид-19.
Властите во округот Џиангсја, дом на повеќе од 900.000 луѓе, соопштија дека од денеска се воведени тридневни ограничувања во главни урбани области, вклучително и забрана за големи јавни настани, посета на ресторани, затворени се јавните места за забава, пазарите малите клиники. Исто така суспендирани се и автобуските и метро линиите.
Властите ги повикаа жителите да не ја напуштаат областа во следните три дена, а исто така апелираа и другите жители на Вухан да го избегнуваат реонот Џиангсја.
Во Вухан, град во централна Кина, живеат над 11 милиони луѓе.
Сериозни нерегуларности при користењето на државните субвенции открија контролите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) при теренската посета во Охридск...
На 12112026 во 00:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на ул„Абас Емин“ во Охрид, 34-годишно лице од струшкото село Долна Белица физички нападнал вработен како обезбедување во објектот,...
Поради продолжување со активностите околу санацијата на големиот дефект на водоводната мрежа кој настана вчера (пукната е цевка со профил ф500 мм) и денес од 11:00 часот неколку часа без вода ќе би...