Најцрните прогнози за повредата на Осман Дембеле се остварија, откако деталните лекарски прегледи покажаа сериозно оштетување на вкрстените лигаменти на коленото.

Како што пренесува клубот од Ноу Камп, Дембеле кој се повреди на тренинг успешно се оперирал во болница во Финска и го чека долг период на рехабилитација. Процесот трае од шест до осум месеци, што значи дека за него сезоната е завршена.

Барселона во следниов период може да добие попуст од шпанската Ла лига и со приложени документи за повредата на Дембле да добие опција за ангажман на нов фудбалер. Тренерот Кике Сетиен има минимални опции во нападот, бидејќи поради повреда надвор од стројот е Луис Суарез.

Фаворити за преселба на Ноу Камп се Вилијан Жозе од Реал Сосиедад и Лукас Перез од Алавес.

OhridNews