
На дебатата што започнува во 12 часот учество ќе земат ученици од средните училишта „Ибрахим Темо“ и „Нико Нестор“, обучени за водење демократска расправа од страна на Младинскиот образовен форум и ОБСЕ.
Целта е преку јавна дебата да се покрене демократска расправа меѓу средношколците за проблемите со кои тие се соочуваат во текот на образовниот процес.











