Не престануваат реакциите во јавноста по уривањето на делови од 5 века старата џамија Мустафа Челеби во Струга.
Со осуда за ваквиот чин се јавија ограноците на Демократската партија на Турците во Македонија за Охрид и Струга.
–Место да се гордееме со шареноликоста на нашето повеќецивилизациско културно историско богатство и да ги чуваме како наш благодет, деновиве бевме сведоци на рушењето на Мустафа Челеби џамијата во Струга од страна на Струшкото муфтиство која е изградена во 16 век и е дел од нашето културно историско богатсво од османлиско турскиот период. Ограноците на Демократската партија на Турците на Македонија од Охрид и Струга, ги осудуваат овие активности и ги молат надлежните институции да превземат итни мерки како не би се продолжило со понатамошното уништување на Мустафа Челеби џамијата, се вели во заедничката реакцијата на претседателствата на ДПТМ во Охрид и Струга.