Демократската партија на Турците во Македонија во присуство на голем број членови и нивни симпатизери синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ги претстави кандидатите за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ во 5та изборна единица.

На собирот се свои обраќања имаа претседателот на ДПТМ Кенан Хасип, претседателот на охридскиот огранок на ДПТМ Џанер Исмаил, кој истовремено е и кандидат за пратеник од 6 ИЕ, Градоначалникот на Општина Охрид и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Никола Бакрачески и кандидатот за пратеник од коалицијата од редовите на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски.

Презентацијата на кандидатите за пратеници на Демократската партија на Турците во Македонија беше пропратена со уметничка програма.

OhridNews