Претседателите на одделенија / класови се избираа на демократски начин, преку тајно гласање, без сугестии на наставниците / професорите, педагошко-психолошките служби и директорот.
– Врз основа на мотивациони писма и листа на потписи на кандидатите за претседатели, учениците преку тајно гласање ги избраа новите претседатели за оваа учебна година. Преку оваа активност успеавме кај децата да ја подигнеме свеста за значењето на демократските процеси од раната возраст со цел да се развиваат во активни граѓани, велат од „СЕГА“.
Оттаму додаваат дека овој модел на реорганизација на одделенијата/класовите е значаен чекор во подобрувањето на учеството на учениците во одлучувањето и организирањето.
Проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ е финансиски поддржан од Детската Фондација Песталоци.