
Се очекува Комисијата за финансии, денес, да расправа по Предлог Законот, на која Павле Трајанов ќе ги образложи предлог промените.
Неодамна, Владата најави дека преку издавање на еврообврзница, Државата ќе ја задолжи со 650 милиони евра или заедно со каматата вкупниот долг ќе изнесуваше една милијарда евра.
По реакциите во јавноста, новиот долг изнесува 450 милиони евра, но и натаму без претходни консултации и намена за која ќе се користат средствата.
Со цел да се спречи неконтролирано задолжување, се предлага Владата, самостојно во текот на една година, да може да ја задолжи Државата најмногу за 100 милиони, а над тој износ да одлучува Парламентот, велат од ДС.
OhridNews











