Од коалицијата „Сојуз за иднината“ информираат дека ноќеска, непознати сторители го демолирале реонскиот изборен штаб  на здружената опозиција што се наоаѓа кај чинарот во населбата „ Горна влашка маала “ .

–    За овој вандалски чин , писмено е известен Секторот за внатешни работи од Охрид , од каде очекуваме брзо откривање на сторителите и поголема будност за безбедноста на изборните штабови . Воедно , до политичките ривали  , упатуваме апел за фер , демократски и безбеден изборен процес, велат од „Сојузот за иднината“ .

Од СВР Охрид велат дека кај нив инцидентот сеуште не е пријавен.

OhridNews