
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот и откривање на сторителите.
Реагираше владејачката ДУИ, според која тензиите во Крива Паланка се непотребни, особено затоа што тие се мотивирани за да предизвикуваат верска нетрпеливост во оваа средина. Спротивставувањето на изградбата на еден верски објект на муслиманската заедница се случува во една средина каде што верската разноликост треба да се смета за богатство а не за хендикеп во односите меѓу луѓето со различни идентитети, велат од партијата.
„Македонија е под будното око на меѓународната заедница и ваквите настани не одат во прилог на патот кон европските интегративни процеси. Затоа, апелираме сите недоразбирања од меѓуверски и меѓуетнички карактер да се решаваат преку институциите на системот и преку дијалог меѓу граѓаните“, потенцираат од ДУИ.
OhridNews











