Со голот на Клинт Демпси во 93-та минута Тотенхем на домашен терен ремизираше со лидерот во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед 1-1.


“Црвените ѓаволи“ долго време оддолевеа на нападите на Тотенхен по водечкиот гол на Робин ван Перси во првиот дел. Длабоко во судиското надополнување по додавањето на Ленон, Демпси ја погоди мрежата на Де Геа и им ја скрати радоста на Јунајтед на Вајт харт Лејн.

Резултати : Челси – Арсенал 2-1, Тотенхем – Мен Ју 1-1.

Табела :Мен Ју 56, Мен Сити 51, Челси 45, Тотенхем 41, Евертон 37. . .

Мх.П.