По одличниот старт на првото издание на „Lychnidia Beer Fest 2026“, денеска продолжува фестивалската забава во Lychnidia Food Zone во Охрид, со нова доза музика во живо, пиво, street food и дружење.

Првиот фестивалски ден синоќа го одбележаа настапите на LUGER и The Backdoor Band, кои ја отворија четиридневната музичка програма.

Денеска, на вториот фестивалски ден, музиката започнува уште попладне. Од 15 часот ќе настапат Перчо и Фолк мерак, а од 17 часот забавата продолжува со Владо Броз и Марама.

Добрата атмосфера во Lychnidia продолжува и во наредните два дена. Утре, 7 септември, ќе настапат Bad Contract и Overtone, со специјалниот гостин Александар Јосифоски додека на празничниот 8 Септември фестивалот ќе го заокружат Acoustic Duo Ника и група Фросина. Од 6 до 8 септември за музичкиот ритам ќе се погрижи и resident DJ Dani.

Влезот е слободен, а резервации не се потребни – само добро расположение, добра енергија и љубов кон пивото.

„Lychnidia Beer Fest 2026“ трае до 8 септември.