Во рамки на Европската недела на мобилност која се одбележува под мотото „Чиста, споделена и паметна мобилност“, а по повод 22 септември – Светски ден без автомобили, во Охрид денеска ќе се одржат низа пригодни манифестации, кои ги организира Секторот за заштита на животната средина и управување со отпад при општина Охрид.
Во 11 часот ќе се одржи веосипедско дефиле низ улиците на Охрид кој е дел од мрежата на европските градови кои ја одбележуваат Европската недела на мобилност. За таа цел од 11 – 13 часот за сообраќај ќе бидат затворени неколку фреквентни сообраќајници на кои ќе можат да се движат само велосипедисти и пешаци и тоа: „Димитар Влахов“, „Кузман Јосифовски“ од пресекот со „Димитар Влахов“ до пресекот со „Партизанска“, „Партизанска“ од пресекот со „Кузман Јосифоски“ до пресекот со „Јане Сандански“ и дел од „Јане Сандански“ од пресекот со „Димитар Влахов“ до општинската зграда.
Општина Охрид ги повикува граѓаните масовно да се вклучат во оваа акција и барем еден ден во годината на работа да дојдат без автомобили.
OhridNews












