Утре со почеток во 17 часот па се до полноќ во организација на Младинскиот Центар Охрид предвидена е богата програма во пресрет на Светскиот ден на млади 12ти август која ќе се реализра во дворот на Младинскиот Центар.
Детска атлетика, забавни игри, работилница за цртање на канвас, DJ сет, музички бенд, изложба на фотографии, проекција на краткометражни филмови итн.
На настанот обраќање ќе има и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
OhridNews












