Ден на пожарникарите: Со музејски експонати против огнената стихија
20.05.08 00:18
Професионалната противпожарна единица од Охрид со пригодна свеченост денеска ќе го одбележи 20 мај – Денот на пожарникарите на Република Македонија. На свеченоста градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, на најдобриот пожарникар ќе му врачи пригодна награда. По повод Денот на пожарникарите, во соработка со општинската организација на Црвениот крст охридските пожарникари ќе даруваат крв во одделението за трансфузиологија при Општата болница во Охрид.
охридските пожарникари во акција
Охридските пожарникари во текот на годината имаат повеќе од 100 интервенции. Иако имаат полни раце работа, против огнената стихија и натаму се борат со возила кои во добар дел од државите во светот се само музејски експонати. Просечната старост на противпожарните возила во Македонија е речиси 30 години, поради што неопходни се напори за обновување на возниот парк. Со децентрализацијата противпожарната единица во Охрид потпадна под ингеренции на локалната самоуправа која најавува модернизирање на единицата и подобри услови за работа.
стариот возен парк најголем проблем на пожарникарите
Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од К...
Езерото повторно ги спојува стиховите, јазиците и душите на поетите од трите свои брега – Струга, Охрид и Поградец Денес со почеток во 11 часот, во Фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновц...
Променливо облачно со сончеви периоди Претежно во крајните северни и источни региони ќе има услови за слаб дожд Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец Во Охрид времето денес променливо ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.